Одбележан Денот на независноста


Граѓаните денеска слават 26 години суверена, независна и самостојна Македонија. Денот на независноста беше одбележан со свечена програма на Спомен Костурница, каде што свежо цвеќе положија Градоначалникот Зоран Дамјановски, Претседателот на Советот на Општина Куманово Александар Арсиќ, претставници од советот и општинската администрација, борци, политички партии, невладини организации и граѓани. Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ.