Одбележан патрониот празник во ООУ „Крсте Мисирков„


Со пригодна свеченост денеска во Основното училиште „Крсте Мисирков„ беше одбележан патрониот празник. По тој повод делегации од општина Куманово, советници во Советот на Општина и претставници од училиштето положија цвеќе на бистата во училишниот двор.