Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржана прва конституитивна седница на Совет за заштита на потрошувачите на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска се одржа првата конституитивна седница на Советот за заштита на потрошувачите  на Општина Куманово.

Дневниот ред се состоеше од една точка – избор на претседател на советот, а за претседател беше избран Вилијам Бојковски, управител во ДПТУ Ми-Мар – Куманово.

Советот за заштита на потрошувачите е формиран со цел разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби, а Одлуката за формирање на истиот е донесена на седница на Советот на Општина Куманово. Советот е составен од седум члена.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст