Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Од утре (01.09.2020) увид во Деталниот урбанистички план на Општина Куманово ќе се врши електронски

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Од утрe, први септември на официјалниот сајт на општина Куманово  kumanovo.gov.mk, граѓаните по електронски пат ќе имаат увид во фактичната состојба на Деталниот урбанистички план (ДУП) и градежните парцели во општината. Секој граѓанин кој ќе сака да види што е предвидено во неговата катастерска парцела ќе може тоа да го направи преку оваа апликација.

Апликацијата е поставена на сајтот на Општина Куманово, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат како корисници и да си дадат точки на интерес. Во однос на тоа за што се заинтересирани, тие и ќе добиваат информации (пр.  дали за нивниот дел се работи некој детален урбанистички план,доколку се работи за тој дел се организира јавна анкета и презентација и тие ќе бидат известени на нивната е-маил адреса за да можат да бидат присутни)

За подетално користење на апликацијата граѓаните може да видат на следниот ЛИНК

 

Оваа е првичната верзија на апликацијата, а понатаму ќе работат и на нејзино надоградување, со цел да биде што е можно  подостапно за граѓаните.Апликацијата е направена со средства од буцетот на Општина Куманово, а таканаречената „паметна електронска карта“ ја има изработено економскиот оператор ИНЦ системи од Скопје.

Врати се на врвот
Големина на фонт