Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово потпиша Договори за финансиска поддршка со Здруженија чии активности се насочени кон лицата со попреченост

Врз основа на спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на Здруженија и други правни лица,кои спроведуваат активности насочени кон лица со попреченост на територија на Општина Куманово за 2022 година, Општината потпиша Договори за финансиска поддршка со Здружението Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“- Куманово и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“- Куманово. Финансиските средства во висина од 2 000 000 денари се распределени на двете Здруженија и тоа: 1 200 000 денари на Здружението Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“- Куманово и 800 000 денари на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Со потпишување на Договорите, Здруженијата ќе отпочнат со спроведување на нивните проектни активности насочени кон лицата со попреченост во Дневниот центар „Порака Наша“, како и изградба на пристапни рампи и тоалети во училиштата, сензорни соби, инклузивни игралишта, активности за информирање, упатување и советување на лицата и нивните семејства и на тој начин Општината уште еднаш ја истакна грижата за овие наши сограѓани, со цел подобрување и унапредување на нивниот живот и поголема вклученост во општеството.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст