Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка за учество во програмата ReLOaD2

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Општина Куманово активно работи со локалните граѓански организации и фондации. Проектот ReLOaD2 во следните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации (ГОи). 

Во изминатите четири години Општина Куманово преку програмата ReLOaD имаше организирано три повици за грантови за предлог проекти, кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои беа опфатени следните приоритетни области:заштита на животната средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, како и младински иницијативи. Преку оваа програма на територијата на Општина Куманово беа доделени вкупно 9 грантови на локални граѓански организации. Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст