Оспособена фонтаната на споменикот „Батко Ѓорѓија„

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По три години почна да тече вода на фонтаната на градскиот плоштад, кај споменикот Батко Ѓорѓија.  Од страна на Општина Куманово, беа набавени делови за сервисирање на истата, а со стручна помош на „ЈП Водовод„   се изврши  замена на  делови за електрична инсталација и за водоводна мрежа.

Во тек е изработка на физибилити студија за утврдување на оштетеноста и на останатите две фонтани во централно градско подрачје. По што ќе следува и нивна реконструкција.

Врати се на врвот
Големина на фонт