Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворен Младински центар „Сакам да знам” во Куманово

Денеска во Куманово се отвори Младински центар „Сакам да знам”, по примерот на постојните два центри во Скопје на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување “ХЕРА”, во соработка и со функционирање во рамките на Здравствен дом – Куманово. Препознаени од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Инфективната клиника, овие центри најмногу ги користат младите: секоја година, меѓу 2 500 и 3 000 млади, вклучително и млади од социјално исклучени групи, добиваат доверливи и бесплатни здравствени услуги, ХИВ тестирање, советувања со психолог и социјален работник, правна помош, советување за превенција на употреба на дроги и слично, а добиваат и простор за младински активизам и младинско здружување во градот. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски потенцираше дека младите се основа и иднина на секое општество, кои треба да се едуцираат за секое општествено поле на делување и мора да вложуваат во својот образовен процес, кој ќе им донесе личен напредок. Општина Куманово ја поддржува младинската работа и младинските работници преку вклучување во различни општествени области, со цел да се постигне поголемо нивно учество и активност, кое ќе овозможи вклучување во процесите на креирање политики на локално и национално ниво. Треба да се слушне гласот на младите, кои можат да направат промени и да дадат свој придонес во рамките на нашето општество.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст