Отворен Центарот за упатување на жртви на сексуално насилство

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во општата болницата во Куманово беше отворен центар за упатување на жртви на сексуално насилство. На отворањето присуствуваа Градоначалник Максим Димитриевски,Министер за здравство, д-р Венко Филипче,Постојанa координаторка на Обединети нации, г-ѓа Луиза Винтон,Министерка за труд и социjална политика, г-ѓа Мила Царовска,Министер за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски и Директорка на општа болница Куманово, Г-ѓа Снежана Захариева.Отворањето на центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство е поддржано од страна на Владата на Република Македонија, Обединетите нации (агенциите УНДП и УНФПА), како и од здружението на граѓани ХЕРА.

Врати се на врвот
Големина на фонт