Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отпишување на долгови на најзагрозени категории на социјални случаи

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

После подолг временски период општина Куманово направи пресек во рамките на даночното одделение, по што се дојде до заклучок дека има одредени побарувања кои се мноу тешко наплатиливи. Најголем дел се побарувања кои доаѓаат од најтешките категории на социјални случаи во општината или на правни субјекти кои се во постапка на згаснување и не ги плаќале своите обврски во континуитет.
Водени од фактот дека државата оддели сретстава за Куманово во висина од 100 милиони денари , со кои треба да се раздолжиме кон субјектите кон кои имаме финансиска обврска како општина, во позитивен дух, ние таквата одлука сакаме да ја пренесеме и да ја почуствуваат и граѓаните и правните субјекти во општината. За таа цел решивме да отпишеме вкупно 42 милиони 898 илјади 437 денари по основ на фирмарина, данок на имот за физичи и данок на имот за правни лица. Се работи претежно за обврски кои што датираат од далечната 2004 година до 2010 година и претежно истите се пренесени, со пренесување на надлежностите од страна на управа за јавни приходи на општина Куманово. Едноставно не сакаме да ги водиме ваквите бројки само како евиденција, туку да допринесеме за подобрување на скромниот буџет на најзагрозените социјални категории на граѓани-изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст