Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оn line конференција на Мрежата на силни градови во Западен Балкан, во рамките на проектот “Моќта на градовите”

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска учествуваше на on line конференција, организирана од страна на Мрежата на силни градови во ЗападенБалкан, во рамките на проектот “Моќта на градовите”. Мрежата активно соработува со општина Куманово преку акцискиот тим на заедницата на Локалниот совет за превенција.Целта на настанот беше размена на искуства од Куманово и вмрежување со шест градови од Словачка и еден од Чешка, преку претставници на национална и локална власт од посочените држави. Градоначалникот Димитриевски ги потенцираше добрите практики во поглед на спречување на насилниот екстремизам, проценка на локалниот ризик, како и планирање на идни активности во насока на спречување на насилен екстремизам. Дел од настанот беше и Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Борче Петревски.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст