Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Педесетта седница на Совет на Општина Куманово

На 28 декември 2020 година (понеделник), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесетта седница на Совет на оштина Куманово.

Дневен ред

  • Усвојување на записниците од Четириесет и осмата и Четириесет и деветтата седница на Советот на Општина Куманово
  1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
  2. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2021 година;
  3. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2021 година;
  4. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2020 година;
  5. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2021 година;
  6. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2021 година;
  7. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2021 година;
  8. Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2021 година;
  9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување цени за монтажа на метални столбчиња;
  10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување цени за саден материјал;
  11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени за вршење на дезинфекција;
  12. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
  13. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2020 година;
  14. Информација за финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“ – Куманово со план за зголемување на приходи и намалување на расходи;
  15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
  16. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  17. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2021 година;
  18. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;
  19. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
  20. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
  21. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
  22. Работна програма за 2021 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  23. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2021 година;
  24. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за определување на вредност на коефициент за пресметка на платa на директорот на ЈОУ – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  25. Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2021 година;
  26. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Куманово за 2021 година;
  27. Годишна програма за 2021 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
  28. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2021 година;
  29. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година;
  30. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година;
  31. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
  32. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;
  33. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;
  34. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош или помош во натура за 2021 година;
  35. Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2021 година;
  36. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2020/2021 година;
  37. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основното образование за 2021 година;
  38. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средното образование за 2021 година;
  39. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2021 година;
  40. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2021 година;
  41. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2021 година;
  42. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2021 година;
  43. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2021 година;
  44. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2021 година;
  45. Предлог – Одлука за давање согласност за кофинансирање на реконструкција на кров на спортска сала Куманово;
  46. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2020 година;
  47. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
  48. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
  49. Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2021 година;
  50. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
  51. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување „Куманово – паркинг‘‘ Куманово;
  52. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2021 година;
  53. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2021 година;
  54. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
  55. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2021 година;
  56. Стратегија за развој на туризмот во општина Куманово, со акционен план (2020 – 2024);
  57. Информација за работата на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат во 2019 година;
  58. Информација за работата на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат за периодот јануари – ноември 2020 година;
  59. Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
  60. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2021 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
  61. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
  62. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2021 година.

 

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст