Повик за деловна соработка



ПОВИК ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
(За достаување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување услуги за плаќање на јавни давачки преку платежни терминали/киосци со готовински средства)
Општина Куманово
Република Македонија

За достаување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување услуги за плаќање на јавни давачки преку платежни терминали/киосци со готовински средства
ПРЕДМЕТ НА ПОВИК ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
Се објавува повик За достаување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување услуги за плаќање на јавни давачки преку платежни терминали/киосци.
Општина Куманово ги повикува заинтересираните деловни сорабоници – компании, да достават понуда за обезбедување на сервис за наплата на јавни давачки кои што Општина Куманово ги има кон трети лица (во понатамошниот текст: лица кои вршат плаќање) која наплата ќе се врши преку терминали за наплата (со готовински средства), кои терминали ќе бидат поставени на територијата на Општина Куманово.

1. ОПИС НА УСЛУГАТА

Договорот за деловна соработка Општина Куманово го склучува со деловниот субјект, под услови пропишани со овој повик за деловна соработка, за извршување на услугата.
Платежни теминали/киосци, односно овозможување наплата на јавни давачки кон трети лица со готовински средства.
Потребно е да се постават минимум 3 платежни теминали/киосци на локации на кои договорниот орган ќе му ги одреди на деловниот соработник.
Сервисот за плаќање со готовински средства, треба да обезбеди извршување на трансакција во реално време.
Наплатените парични средства од Лицата кои вршат плаќање преку терминалите да ги уплати на соодветните жиро сметки на Општина Куманово или на друга жиро сметка на која што треба да биде платена секоја јавна давачка, а притоа за извршената услуга да не се наплаќа провизија од Општина Куманово.
Да врши финансиско порамнување со Општина Куманово и тоа:
– на крајот на секој ден електронски и;
– на крајот на месецот во писмена форма.
На лицата кои што вршат плаќање преку терминалите да им издаде писмена потврда.
Размена на податоци и порамнување:
Деловниот соработник има обврска да достави на Општина Куманово извештај во електронска форма за трансакциите извршени преку терминалите поставени од деловниот соработник во периодот од 00:00 часот до 23:59 часот, првиот нареден работен ден не подоцна од 10:00 часот.
Општина Куманово не подоцна од 12:00 часот треба да го потврди приемот на извештајот или да го извести деловниот соработник дека истиот треба да им биде повторно пратен преку e – mail.

Општина Куманово е должна да изврши споредба помеѓу доставениот извештај од деловниот соработник со својот систем на податоци и доколку податоците во Извештајот не се совпаѓаат не подоцна од 3 (три) работни дена од приемот на извештајот да го извести деловниот соработник за постоење на разлики.

Да ја чува тајноста на податоците на договорниот орган и на трети лица кои вршат уплата преку платежните терминали/киосци.
Текот на бараната трансакција е следен:

Сервисот треба да обезбеди начин и невидливо за клиентите да овозможи пренесување на најмалку на следните податоци:
• Назив на услугата
• Вкупен износ на уплата,
• Валута на плаќање (во денари);
• Име и презиме;
• Единствен идентификатор на трансакција во системот:
• Назив на Органот – Општина Куманово; и
• Дел од модулот на која се праќа повратна информација за успешност односно неуспешност на трансакција.
Провизија за користење на услугата ќе ја наплаќа од Лицата кои вршат плаќање преку терминалите, и со тоа деловниот соработник нема да има никакви побарување од Општина Куманово во смисла на финансиски импликации за користење на услугата.

Избраниот деловен соработник треба задолжително да обезбеди:
– Посредување при извршување на евентуални оспорувања на трансакции настанати при плаќање со готовински средства;
– Трансакцијата да се спроведе само кога Лицето кое врши плаќање преку терминалите поставени во Општина Куманово има внесено доволно расположливи средства за да се изврши уплатата заедно со пресметаната провизија за деловниот соработник;
– Провизијата за користење на услугата на терминалот да биде одделно прикажана од јавната давачка во модулот за плаќање и да биде јасно видлива за Лицето кое врши уплата,
– Преносот на уплатените средства од лицата што вршат плаќање преку терминалите ќе се врши на соодветната жиро сметка во рок од 1 (еден) работен ден од направената уплата.

2. НИВО НА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА

Избраниот Деловен соработник треба да обезбеди користење на Услугата неприкинато 24 часа во текот на денот седум дена во неделата.
УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ТЕРМИНАЛИ/КИОСЦИ СО ГОТОВИНСКИ СРЕДСТВА
ОПШТИ УСЛОВИ
За да учествува во јавниот повик, заинтересираниот деловен соработник треба да докаже дека е способен за извршување на бараната услуга со доставување на документи за:
• Лична состојба;
• Техничка или професионална способност; и
• Стандарди за системи за квалитет.
ЛИЧНА СОСТОЈБА
Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој деловниот соработник:
– на кој во последните пет години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
– на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
– на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
– кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
– кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на деловниот соработник му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
– кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
– кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
За докажување на својата лична состојба, деловниот соработник ги доставува следниве документи:
– изјава на деловниот соработник дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
– потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
– потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
– потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде деловниот соработник е регистриран;
– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
– потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
– потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Изјавата на деловниот соработник дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари, ја изготвува и потпишува самиот деловниот соработник и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, и дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран деловниот соработник. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран деловниот соработник. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
Потврдата за деловниот соработник дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран деловниот соработник. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
Горенаведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
Ако земјата во која е регистриран деловниот соработник не ги издава горенаведените документи, или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, деловниот соработник може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
Документи за докажување на системите за квалитет за кои е сертифициран понудувачот:
Понудувачот треба да достави документи со кои ќе ги потрврди системите за квалитет неопходни за неговото работење во согласност со законските прописи во Република Македонија и актуелните меѓународни стандарди:

• Потврда од деловниот соработник дека работат согласно стандардот ISO 20000
ПОСЕБНИ УСЛОВИ (Техничка или професионална способност)
За да учествува во јавниот повик, заинтересираниот деловен соработни, треба задолжително да ги исполнува следните посебни услови:
• Да има техничка опременот и оспособеност и други потенцијали за извршување на конкретните услуги;
• Да има ангажиран технички персонал.
Докажување на посебните услови се врши со приложување на:
• Референтна листа успешно реализирани договори поврзани со предметот повик за деловна соработка за опслужување на терминали за плаќања со готовински средства,извршени во рок од 1 (една) година, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи или деловни соработници), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на деловниот соработник, само со негова изјава за извршени испораки;
• Листа на техничка опременот и оспособеност на деловниот соработни, и за други потенцијали со кои тој располага за извршување на конкретните услуги и обезбедување на соодветен квалитет, потпишана од страна на овластено лице.
• Листа на ангажиран технички персонал, потпишана од страна на овластено лице.

3. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ И ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА
– Понудата за доделување на договор за деловна соработка за финансиски услуги за обезбедување на срвис за готовинско плаќање преку платежни теминали/киосци треба да биде во посмена форма, во 1 (еден) оригинален примерок, преку пошта или со доставување во писарница на Општина Куманово.
– Адреса на доставување на понудите е: Општина Куманово со адреса на ул. „11-ти Октомври“ б.б. во Кумаово, телефон за контакт 031/511-307, факс 031/475-832 електронска адреса [email protected], контакт лице Дарко Станојковски.
– Постапката за склучување на договорите за деловна соработка ја спроведува Комисија именувана од страна на Градоначалникот.
Рокот на важење на понудите е 1 (еден) месец од крајниот ден за поднесување на понуда.
Рокот е задолжителен:
– Понудата во посебен затворен плик, и другата документаија се доставуваат во затворен плик со ознака „НЕ ОТВАРАЈ“ и со назнака „За повик за деловна соработка“
– Понудата треба да биде заверена и потпишана од одговорното лице на Понудувачот. Понудувачите кои поднеле некомплетна и невалидна документација, се исклучуваат од постапката и нивните понуди нема да се разгледуваат.
– Понудите и сите нејзини пропратни документи се доставуват на македонски јазик.
Крајниот датум за доставување на понудите е 09.02.2017 година до 10:00 часот.

4. КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Критериум за избор на најповолна понуда е понуден износ на провизија (најниска фиксна цена) по вид на трансакција.
Провизијата за извршена уплата не може да надмине 20 денари за вредност во висина до 2.000,00 денари, за вредност од 2.000,00 до 5.000,00 не повеќе од 50 денари, и за вредност над 5.000,00 не повеќе од 100 денари на секоја пединечна уплата.
Одлука за избор на најповолна понуда, на предлог на Комисија именувана од Градоначалникот, ја носи Градоначалниот на Општина Куманово.

5. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИОТ ДЕЛОВЕН СОРАБОТНИК;

Правата и обврските детално ќе се дефинираат во Договорот за деловна соработка.
Деловниот соработник се обврзува да му ги остави на располагање услугите кои се предмет на Договорот за деловна соработка на Општина Куманово.
Деловниот соработник се обврзува да обезбеди целосна 24/7 поддршка на услугата.
Да инсталира најмалку 3 платежни терминали/киосци.

6. ВРЕМЕТАЕЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ТРАНА НА ДЕЛОВНИОТ СОРАБОТНИК
Договорот ќе се склучи на неопределено време. Со можност овој договор да се раскине еднострано од било која договорна страна со писмено известување испратено до другата договорна страна, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето.
Деловниот соработник задолжително ќе гарантира за нивото на даваната услуга. За евентуалното неисполнување ќе биде предвидена договорна казна и надомест на штета, што ќе биде регулирано во Договорот за деловна соработка.
Општина Куманово не одговара за безбедноста на поставените платежни терминали/киосци.
Деловниот соработник е одговорен за одржувањето и сервисирањето на платежните терминали/киосци.
Договорот за деловна соработка стапува на сила со денот на потпишувањето.

7. Заинтересираните деловни соработници може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:
Адреса: 11 Октомври бб
Град: Куманово
Поштенски број: 1300
Држава: Република Македонија
Телефон: 031 511 307
Факс: 031 438 615

Електронска адреса: [email protected]
Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 10:00ч, 09.02.2017. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 10:00ч, 09.02.2017.

Општина Куманово
Адреса: 11 Октомври бб
Град: Куманово
Поштенски број: 1300
Држава: Република Македонија
02.02.2017
Општина Куманово

П О Н У Д А

Дел I – Информации за понудувачот

I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
 Адреса: ______________________________________________________________
 Телефон: ____________________________________________________________
 Факс: ________________________________________________________________
 Е-пошта: _____________________________________________________________
 Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________

Дел II – Техничка понуда

II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги: ____________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
[Во оваа точка понудувачот ги наведува стоките/услугите/работите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во повикот за деловна соработка. Доколку е попрактично, линиите може да се заменат со соодветна табела или друга форма која договорниот орган ја смета за соодветна.] II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во повикот за деловна соработка.

Дел III – Финансиска понуда
III.1. Провизијата за секоја одделна јавна давачка:

Спецификација на услуги:

1. ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

2. ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

3. ДАНОК НА ИМОТ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари
4. АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

5. ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

6. ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

7. ДАНОК НА ИМОТ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

8. АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Вредносен праг на јавната давачка Провизија (денари)
до 2.000,00 денари
од 2.000,00 денари до 5.000,00 денари
над 5.000,00 денари

III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во техничката спецификација (предмер пресметка ) што е составен дел на оваа понуда

III.3. Нашата понуда ваши за периодот утврден во повикот за деловна соработка.

III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во повикот за деловна соработка.
Спецификација на услуги:

Место и датум

___________________________

Одговорно лице*

___________________________
(потпис)