Покана за доставување на понуди ( Екскурзија – ООУ ,,11 Октомври“ )

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Оглас за доставување понуда за екскурзии

1.НАБАВУВАЧ-ООУ 11Октомври                                                              Лице за контакт:Елизабета К.Костиќ 031/424-235

Ул. Тодор Велков бб 1300 Куманово

Дополнителни информации:

Програмите за екскурзии и Образецот на Понуда може да се добијат лично од 08,00 часот до 15,00 часот на горната адреса.

2.ПОНУДУВАЧИ

Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:

1.Да е регистиран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;

2.Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии во последните 3 год.

3.Да ги исполнува условите за превоз на група деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат група деца;

4.На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 15% од вкупна вредност на договорот.

Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.

3.ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ

– Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност,согласно позитивни прописи на РМ

-Потврди на понудувачот дека во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии

-Документ за превоз на група деца,согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат група деца.

-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот

4.ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

Предмет на набавката е делив и тоа :

1.Изведување на тродневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX одделение од 28 до 30 мај 2018 год.

2.Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одделение од 22 до 23 мај 2018 год.

3.Изведување настава во природа од три дена во Охрид за ученици од V одделение од 16 до 18 мај 2018 год.

4.Изведување на еднодневна екскурзија во Дојран за ученици од III одделение на 21 мај 2018 год.

-Вид на договор: услуги со одложено плаќање.

5.КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Најниска цена по ученик

6.РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

-Понудите треба да се доставуваат во рок од 5 дена од последното објавување во двата весника во архива на училиштето на адреса ООУ 11 Октомври ул.Тодор Велков бб. 1300 Куманово

-Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надоворешен плик кој:

-е адресиран со точна адреса на договорниот орган,

-во горниот лев агол стои ознака НЕ ОТВАРАЈ да не се отвора пред времето и датумот за отварање на понудите. Доколку сите пликоа не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт