Покана за доставување на понуди за ученичка екскурзија – „Киро Бурназ“

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

             Согласно Правилникот за начинот на изведување на ученички екскурзии  на учениците од средните  училишта, ССОУ „Киро Бурназ“-Куманово  објавува

ПОКАНА  ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

За организирање на завршна ученичка екскурзија за учебната 2017/2018 год

  1. Опис на услуга

            – организирање на завршна екскурзија на ученици од трета година во траење од 5 дена во месец мај 2018 година  според содржините во Програмата, на релација Куманово-Верона-Лидо ди Јесоло-Венеција-Шибеник-Мостар-Дубровник-Будва-Куманово, со 2 ноќевања во Лидо ди Јесоло /Италија/ и Мостар /БиХ/ во хотел со 3* и 4*со појадок и вечера. Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на Училиштето секој работен ден од 8-14 часот.

  1. Минимални услови кои треба да ги исполнуваат понудувачите се :

            – да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност;

            – да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во последните 3 години /потврди за успешно изведени екскурзии/;

            – да ги исполнува условите за превоз на групи деца  согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;

  1. Понуда треба да ги содржи следните документи:

            – документи како доказ за исполнување на минимални услови;

            – програма за реализирање на екскурзијата;

            – пополнет образец на понудата и

            – изјава за сериозност на понудата.

  1. Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен , на денот на потпишувањето на договорот со Училиштето треба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 % од вкупната проценета вредност на договорот.

             Критериум за доделување на  договор за изведување на ученичка екскурзија е најниска цена.

            Рокот за поднесување на понуди е 5 работни дена .

                        Понудите да се достават до ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово со назнака за Комисија за прибирање на понуди за ученичка екскурзија.

ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт