Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Покана за последователна сесија од Проектен форум во Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Почитувани граѓани,

Општина Куманово во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Последователната сесија од Проектниот форум, што  ќе се одржи на петок, 25.06.2021 годинасо почеток во 11.00 часот, во Големата сала на Комитет во Куманово.

Присутните граѓани, учесниците на форумот, претставници на институциите и почесните гости, ќе имаат прилика да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Куманово, што се спроведуваше во периодот јуни – октомври 2019 година.

Во рамките на форумот на заедницата, како алатка за граѓанско одлучување, беа продложени и разработени девет проекти, од кои на четвртата, гласачка сесија, учесниците се определија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци да го доделат на проектот:„Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци“.

На Последователната сесија ќе биде презентирано постигнатото, како и реализацијата на дел од препораките дадени од граѓаните до Општината во текот на целиот форумски процес.

Нагласуваме дека форумската сесија се одржува според Протоколот за одржување на форуми на заедницата во услови на ковид- 19, документ донесен од имплементаторот УНДП, со мерки на заштита.

За форумот: Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот имаа можност да предлагаат и да изберат приоритетен проект, финансиран од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

Во прилог на оваа покана е Дневниот ред.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст