Посета на делегација од Општина Чорлу на Општина Куманово


Денеска Градоначалникот Зоран Дамјановски со претставници од општинската администрација, оствари средба со делегација од збратимениот град Чорлу, Турција. Делегацијата беше предводена од заменик градоначалникот на Чорлу, Ѓунер Четин, а на состанокот се разговараше за актуелните теми како и за продлабочување на соработката помеѓу двата града.
Воедно, уметници од Чорлу ќе земат учество на ликовната колонија – „Куманово 2017“, која се одржува во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, и започнува денес. Колонијата ја организира НУ Музеј Куманово и Општина Куманово и ќе трае до 22ри Август.