Посета на Министерката Царовска на Општина Куманово


Денеска Градоначалникот Дамјановски оствари средба со новата министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска.
На работната средба, која е прва од ваков тип, присуствуваше и секретарот на Општината и директорката на градинката „Ангел Шајче“, Марина Алексовска.

На средбата се разговараше за актуелните прашања од областа на социјалата, а акцент се стави на подобрување на капацитетите на градинките во градот и можноста за изградба на нови.