Посета на Нови Сад по повод Ден на Градот


Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска и директорорт на средно техничко училиште Наце Буѓони Лидија Михајловска беа во дводневна посета на Нови Сад, по повод одбележувањето на 269 години постоење на градот.
Денот на градотбеше одбележан со богата програма која започна со свечен прием во Градската Куќа од страна на Градоначалникот Милош Вучевиќна 19 делегации меѓу кои и Општина Куманово, а продолжи со Свечената академијана која беше доделена Февруарската награда.
Секретарот на Општината оствари средба со градоначалникот на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двата града во насока на збратимување на Општина Куманово со Општина Нови Сад.
Градоначалникот Милош Вучевиќ им се заблагодари на гостите од другите градови за соработката во областа на науката, културата, образованието, спортот и земјоделието и ги истакна важните достигнувања за градот:Европските достигнувања за “Престолнина на културата 2021“ и “Младинска престолнина на Европа 2019“.
Нови Сад е втор поголемина град во соседна Србија во кој живеа околу 300 илјади жители.