Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Последователна сесија од Проектен форум во Општина Куманово

Денеска во големата сала на Комитет-Куманово Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски присуствуваше на Последователна сесија од Проектниот форум во Општина Куманово, која се реализира во соработка со УНДП, преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините избрани преку јавни консултации, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Присутните граѓани, претставници на институциите и почесните гости имаа можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Куманово, што се спроведуваше во периодот јуни – октомври 2019 година, беше презентирано постигнатото, како и реализацијата на дел од препораките дадени од граѓаните до Општината во текот на целиот форумски процес. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст