Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Празничен турнир во бадмингтон

Во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Ден на ослободување на Куманово “Ноемвриски денови 2021”, денеска се одржа првиот турнир во бадмингтон на спортскиот терен во ООУ “Вук Караџиќ”-Куманово, организиран од општинските Сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт. На спортскиот настан учествуваа ученици од основните училишта во Куманово и Старо Нагоричане, кои добија дипломи за денешното учество. На турнирот присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст