Прва – конститутивна седница на Советот на Општина Куманово

На 09 ноември 2017 година (четврток), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 1200 часот ќе се одржи прва – конститутивна седница на Советот на Општина Куманово.

Дневен ред

1. Избор на претседател и членови на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;
2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;
• Извештај на Верификационата комисија;
• Предлог – Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово;
• Давање и потпишување на свечена изјава на членовите на Советот на Општина Куманово;
3. Избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
4. Избор на претседател на Советот на Општина Куманово;
5. Предлог-Решение за определување на членови на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.

Врати се на врвот