Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва официјална посета на амбасадорката на Р Србија во РСМ Невена Јовановиќ

Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше амбасадорката на Р Србија во РСМ Невена Јовановиќ. На средбата со градоначалникот на Општината Максим Димитриевски беше изразено обостраното задоволство од досегашната успешна соработка, која донесе долгогодишни значајни резултати. Од двете страни беше истакната волјата за одржување на пријателството преку соодветнирешенија, кои ќе донесат високо ниво на реализација на бројни проекти. Согласно изградената добра основа, преку вложени напори за унапредување на коректните односи и продлабочување на плодната соработка, се очекува спроведување на проекти во повеќе општествени области.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст