Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва официјална посета на Н.Е. Амбасадор на Италија, Андреа Силвестри

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска се сретна со Н.Е. Амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, првиот Секретар и заменик Амбасадор Алесио Ликуори, професор по италијански јазик при Катедрата на УКИМ и Оддел за култура при Амбасадата, Марко Пешетели. На денешната прва официјална посета на Амбасадорот на општина Куманово, Градоначалникот Димитриевски му посака успешна работа, се заблагодари за посетата и доприносот во изнаоѓање заеднички решенија во повеќе области. Беше потенциран образовниот процес и начинот на изучување на италијанскиот јазик, како и развојот на новата индустриска зона Новини и Речица. Градоначалникот и Амбасадорот имаа средба и со професорите по италијански јазик од општинските училишта.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст