Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва протоколарна посета на Општина Куманово на амбасадорката на Романија во РСМ, Адела Моника Аксинте

Денеска во прва протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте, придружувана од Алириза Османи, почесен конзул на Романија соседиште во Куманово. На средбата со градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и секретарот на Општината Гелевски беше изразена заедничката определба за развивање на натамошна соработка во повеќе општествени области и големиот потенцијал, кој го поседуваат двете страни. Беа истакнати  реалните можности и очекувања за натамошен развој на пријателските односи помеѓу двете држави, како и  заедничкиот интерес за размена на искуства во сите актуелни сфери на дејствување, кои претставуваат механизми за создавање блиски релации помеѓу двете страни.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст