Прв настан одржан во реновираниот „Занатски Дом„


Денеска во просториите на реновираниот Занатски Дом, во организација на Центар за интеркултурен дијалог се одржа завршен настан на проектот „Гласот на младите Македонија„.
Оваа е прв настан што се одржа во домот на занаетчии, откако истиот беше реновиран пред крајот на минатата година.
Во реновирањето Општина Куманово учествување со финансиски сретства од 100.000 евра, а останатиот дел 200.000 евра е финансиран од проектот кој го изработи Североисточниот плански регион.Салата е адаптирана за организирање на венчавки, состаноци,панел дискусии,концерти, настани и свечени седници.
Домот на занаетчии е дело на рускиот архитект Владимир Антонов,изграден по иницијатива на занаетчиите во центарот на градот, а пуштен во употреба во 1930 година.