Предадени средствата за пoмош на Маја Алексиќ


Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска заедно со Претседателот на Советот на Општина Кумамново Александар Арсиќ, и Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, ги предадоа средствата собрани за помош на Маја Алексиќ, која по тешката сообраќајна несреќа се здоби со сериозни повреди. Средствата беа донирани од личниот доход на Градоначалникот, Претседателот на Советот на општината, Советниците, раководителите и општинската администрација од Општина Куманово.