Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Совет за заштита на потрошувачите

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На денешнава седници Советниците на Советот на Општина Куманово, донесоа одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите во Куманово. Целта на овој совет е следење на квалитетот на услугите кои се во надлежност на јавните претпријатија, општинските служби и локалните институции. Сите поплаки што ќе стигнат до советот од страна на граѓаните, ќе бидат разгледувани на јавни седници на кои можат да присуствуваат и директорите, советниците и градоначалникот. Извештајот од работата на овој совет ќе биде доставуван до Советот на Општината, кои ќе има увид во работата на оваа советодавно тело.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст