Продолжение на Тринаесеттата седница на Советот на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 27 јули 2018 година (петок), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи продолжението на тринаесеттата седница на Советот на Општина Кумамново. На продолжението ќе се работи по точките од дневниот ред од реден број 7 до реден број 11.

Дневен ред  

  • Усвојување на записниците од Единаесеттата и Дванаесеттата седница на Советот на Општина Куманово
  1. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  2. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година;
  3. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
  4. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек суводолица Бучар – „Канал 1“, „Канал 2“ и „Канал 3“ низ село Романовце, опфатен со планска документација Урбанистички план за село Романовце – Општина Куманово;
  5. Предлог – Одлука за давање согласност деловните простории сопственост на Општина Куманово кои се наоѓаат на КП 19555/1 запишани во Имотен лист бр. 80110 КО Куманово да се дадат под закуп со електронско јавно наддавање;
  6. Предлог – Одлука за давање на согласност за апликација, реализација и кофинансирање на проектот „КПК авантура – атракција и култура“;
  7. Предлог – Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите;
  8. Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „КУМАНОВО – ПЛАН“ Куманово;
  9. Предлог – Решение за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „КУМАНОВО – ПЛАН“ Куманово;
  10. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општина Куманово;
  11. Акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт