Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжуваат активности на проектот “Центри за иновативен развој на социјалното претприемништво”

Проектот “Центри за иновативен развој на социјалното претприемништво” е финансиран од ИПА II програмата за прекугранична соработка. Економско-трговската школа од Врање, Р Србија и СОУ “Перо Наков”-Куманово се училиштата, кои за првпат користат средства од оваа Програма, со цел опремување на училиштата, унапредување и модернизација на условите за практична настава. Во претстојните три дена во Куманово ќе се одвива втората прекугранична посета со низа проектни активности, во кои учествуваат околу 100 лица од двете училишта. Секретарот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината се сретнаа со претставници на проектните тимови од двете училишта.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст