Промовирани мобилни пазари за свежи земјоделски производи

Денеска во Куманово се одржа презентација на проектот „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекуграничната област во Општина Гњилане и Општина Куманово“. Проектот се спроведува од 8 јануари 2018 година во рамките на Програмата за прекугранична соработка Косово – Република Северна Македонија.

На настанот воведно обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски кој искажа благодарност до донаторите на средствата – Европската Унија, на претставниците на Министерството за локална самоуправа, Владата, како и партнерите од Гњилане за успешното реализирање на проектот.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Гњилане Љутви Хазири и претставникот на делегацијата на Европската Унија Константин Јовановски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, директори на јавните претпријатија и јавните установи, советници, стопанственици и граѓани.

Целта на проектот е максимизирање на продажбата и профитот на локални свежи производи на земјоделците од Гњилане и Куманово. преку организирање на напредни зелени пазари, а воедно и промоција на земјоделски производи преку отворени денови на мобилните штандови.

По завршувањето на презентацијата градоначалниците на двете општини, заедно со тимовите кои работеа на проектот се упатија на зелениот пазар каде што беа промовирани мобилните пазари за свежи производи и се сретнаа со земјоделците.

Врати се на врвот
Големина на фонт