Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промовиран ИПА проектот “Светлина од минатото”

Денеска во ресторан Грација се одржа промотивна пресконференција по повод започнувањето на реализација на активности во рамките на проектот “Светлина од минатото”.Проектот ќе се реализира  по Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија,финансирана од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа на РСМ и Министерството за регионален развој на Р.Бугарија, со период на имплементација од 24 месеци.Имплементиран е од страна на Центарот за равој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историскиотмузеј од Дупница, Р. Бугарија.Една од активностите на проектот е реконструкција и опремување на Задружен дом во село Пчиња,кој е руиниран, а ќе прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската клисура. Меѓу другото, ќе биде отворен инфо центар за посетители и галериски простор за презентација на културно и природно наследство. Свое обраќање имаа Градоначалникот на општина Куманово и претседател на Регионалниот совет на Североисточен плански регион, Максим Димитриевски и заменик министерот за локална самоуправа на РСМ, Зоран Димитровски. Беа презентирани и предвидените активности на ИПА проектот од страна на директорот на Центарот за развој на Североисточен плански регион, Младен Протиќ.


Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст