Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на “Живот у Куманово пред 60, 70 и повише године” на Мирко Зафировски

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вечерва во Занаетчискиот дом-Куманово се одржа промоција на книгата “Живот у Куманово пред 60, 70 и повише године” на Мирко Зафировски. Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт-Куманово.

Делегација од Општина Куманово беше присутна на овој културен настан, следејќи ја промоцијата на приказната на авторот за едно минато време во наше Куманово, богато со 60 занаети, безгрижни игри на децата, прочуеното Корзо, киното, незаборавни седенки за слави, свадби. Авторот Зафировски во книгата го потенцира користењето на најважното нешто во животот-времето, кое никогаш не можеме да го вратиме.

Оваа книга е напишана на кумановски дијалект, кој му дава посебен белег на делото и во него се поместени 120 зборови на кумановски дијалект, кои се заборавени или непознати за припадниците на младата популација.

Промоцијата ја збогатија и неколку музички точки на познати кумановски музички изведувачи.

Врати се на врвот
Големина на фонт