Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на книгата “По што гa препознавамо Куманово” од Мирко Зафировски

Денеска во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа промоција на книгата “По што гa препознавамо Куманово” од Мирко Зафировски. На настанот свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а присуствуваа и Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, советници од Советот на Општина Куманово и други истакнати гости.

Книгата “По што гa препознавамо Куманово” претставива слика за онаа како изгледа нашиот град, неговата историја, неговите спомен обележја и секако ликовите по кои градот се препознава. Во книгата е опфатен и далеку познатиот кумановски хумор и анегдоти, пренесувани од генерација на генерација. Оваа уникатно дело е создадено и објавено на изворен кумановски дијалект.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст