Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на монографијата “Коло на српските сестри Куманово-Некогаш и сега”

Денеска во ресторан “Грација”-Куманово се одржа промоција на монографијата“Коло на српските сестри Куманово-Некогаш и сега”, на хуманитарното, патриотско и културно-просветно Здружение на жени, кое обединува припаднички на македонската, српската и црногорската етничка заедница.Промовирањето на ова дело се одржува по повод 30-годишниот јубилеј на обновување на Колото во Куманово.Преку оваа монографија годишните извештаи, документи, записи, признанија и фотографии ќе ја запознаат пошироката јавност со бројните спроведени проекти, наменети за социјално најзагрозената категорија на граѓани. Овде се овековечени и членките од предвоеното Коло,потоа од периодот од 1991. до 1999 година кога здружението работело како Иницијативен одбор  и периодот од 1999. до 2020 година, период кога здружението официјално е регистрирано во нашата држава. Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски истакна дека дава поддршка на ваквите хуманитарни делувања за доброто на граѓаните, а здруженија од ваков тип се темелник на хуманоста и правдата, кои го одржувааткултурното наследство на својата земја.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст