Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работен состанок на членови на Локален економско-социјален совет при Општина Куманово

Членовите на Локален економско-социјален совет на Општина Куманово денеска одржаа работен состанок. Согласно со воспоставувањето на демократски и социјален дијалог за постигнување на стабилен социјален мир, потребно е активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по значајни економски и социјални прашања во една локална заедница. Во таа насока на работната средба се дискутираше за користење и функционирање на соларни фотонапонски панели во домаќинства и компании, кои штедат енергетски ресурси и ја заштитуваат животната средина. Присуствуваа претседателката на Совет на Општината,претставници од Сектори за урбанизам и за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, како и претставници од општински училишта и компании. Беа претставени и понатамошните активности на ЛЕСС-Куманово.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст