Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба во рамки на проектот “Образование за сите”

Општина Куманово со поддршка на Детската фондација “Песталоци” во рамки на проектот “Образование за сите”, ќе спроведува истражување на темата “Деца Роми надвор од образовниот систем”. Ќе бидат реализирани средби со релeвантни институции на локално ниво, со цел формирање на Локални совети за соработка и ажурирање на база на податоци за вкупен број деца, кои од различни причини се надвор од образовниот процес и изготвување на извештај со причини, поради кои се случуваат овие проблеми. Активно ќе се работи на развивање и реализирање на Програмата за ре-интеграција на ученици Роми во образовниот процес, како и подигање на свеста кај родителите Роми за важноста на основното образование, во соработка со Секторот за образование при Општина Куманово. На работната средба присуствуваа директори и претставници од општинските основни училишта.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст