Работна средба за енергетска ефикасност


Во мојот кабинет гостуваше делегација на Комората на мал
бизнис со која разговарав за можностите за соработка во
областа на енергетската ефикасност, заштедата на енергијата
и намалувањето на загаденоста на воздухот на територијата
на општината. Намалувањето на емисијата на штетните гасови
во воздухот ќе биде еден од приоритетите на општинската
власт во наредниот мандат, со цел и желба да се сведат на
најмала стапка последиците од кои во Македонија годишно
страдаат по 1300 граѓани.
Претставниците на Комората на мал бизнис ме информираа
дека Комората располага со капацитети за изработка на
проекти за намалување на трошоците за затоплување и за
ладење на домовите, на деловните и на комерцијалните
објекти, кои, без такви зафати, и натаму ќе бидат финансиски
оптоварени на штета на нивниот животен стандард.
Комората на мал бизнис е единствена комора во Македонија
на која Комората на Нирнберг, Германија, ѝ го има договорено
проектот ЕУРЕМ, по чија лиценца во Македонија се обучени 40
енергетски менаџери кои се стекнаа со европски сертификат.
Тие инженери се обучени да изработат проекти по европските
принципи за заштеда на енергија, кои налагаат до 2020
година Македонија да ја намали загаденоста на воздухот за 20

насто и да обезбеди заштеда на енергија од 20 насто, во
споредба со сегашните параметри.