Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на Локален совет за превенција при Општина Куманово

Денеска во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации се одржа работна средба на Локален совет за превенција при Општина Куманово во соработка со СВР- Куманово- Отсек за превенција, чиј претседавач е градоначалникот на Општината Максим Димитриевски. На средбата се водеше дискусија по предвидените точки на дневниот ред: сообраќај и непрописно паркирање на возила,
изложбен простор пред деловни продажни објекти и тераси пред угостителски објекти и контрола и превенција на јавни депонии. Присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово,
претставници на Комисијата за безбедност во сообраќајот, на ОБСЕ, Здруженија на угостители и занаетчии, Сектори за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата и за инспекциски надзор–Инспекторат, претставници на јавни претпријатија.
Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст