Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на претставници од општините Куманово и Тетово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во Тетово се одржа Работна средба за размена на најдобри практики меѓу претставниците на општините Куманово и Тетово, со цел развивање на ефективни активности во поглед на превенција и спречување на насилен екстремизам во нивните региони. Средбата е во организација на Невладината организација “Nexus Civil concept”-Скопје и Меѓународниот републикански институт ”Iri”-Сараево.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски имаше свое обраќање, во кое истакна дека Локалниот совет за превенција од нашиот град претставува позитивен пример за тоа како се работи во една заедница. Тој го потенцираше воспитно-образовниот процес, кој бара внимание, лоцирање на потенцијалните проблеми и нивно решавање.

Беа презентирани Добри практики и досегашни активности на Локалниот совет за превенција-Куманово, како и улогата на општина Куманово и соработката со локалните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните организации како важен фактор за безбедност и заштита на граѓаните.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт