Разработените граѓански идеи на втората форумска сесија

Идеите на граѓаните, кои беа дадени на првата форумска сесија, во вид на разработени концепт проекти, денеска се најдоа на втората сесија, која се одржа за во НУЦК „Трајко Проекопиев“ во Куманово.

Општината Куманово во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), спроведува Проектен  форум, од каде треба да произлезат проекти за поголема социјална вклученост.

На првата сесија граѓаните детектираа недостаток на простор за млади и млади таленти и спортисти, кои во еден центар ќе ги демонтрираат своите креативност и иновантност, но и простор за дружење. Потоа сервис за стари лица, кои ќе ги опслужуваат волонтери од средните училишта, потреба од центри за ран детски развој во руралните средини, недостаток на инфраструктура за лица со посебни потреби, како семафори за слепи лица, улици и тротоари прилагодени за движење, пристапни рампи до институциите. Меѓу изложените идеи се и: Реконструкција на салата на ОУ „Браќа Рибар“, Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци, Спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби како и Опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица  и лица со посебни потреби.

На втората сесија, граѓаните имаа можност да ги проследат концепт проектите, кои настанаа на основа на нивните предлози од првата форумска сесија, кои во основа ја имаат социјалната инклузија. Исто така, беа презентирани осум концепт проекти, за кои се дискутираше во рамките на форумот, кои ќе бидат преточени во предлог проекти за следната сесија.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт