Реновирано основното училиште „Јероним Де Рада“

Градоначалникот Максим Димитриевски, евроамбасадорот Самуел Жбогар и минстерот за  финансии Драган Тевдовски заедно со директорот на Светска Банка во Македонија Марко Мантованели, денеска го посетија основното училиште Јероним Де Рада во с.Черкези. Во училиштето со средства на Европската унија и Светска Банка во износ од 43 783 евра беа сменети подовите, плафоните и внатрешната столарија, со што беше реализиран уште еден проект за подобрување на условите за учениците. Претходно во училиштето се промени системот за затоплување со централно греење и нови радијатори, а во најава е изградбата на нова училишна спортска сала. Градоначалникот истакна дека и понатаму ќе продолжи поддршката во развојот на руралните средини и подобрувањето на работните услови во училиштата.

Министерот Тевдовски се заблагодари на Европската Унија и Светската Банка за поддршката на проектите со кои се овозможуваат подобри услови во образованието, како и за проектите за подобрување на општинските услуги.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека иако се работи за мали средства, ефектот кој е постигнат е огромен и има придонес во позитивна промена на средината и подобрување на условите за децата. По завршување на настананот во просториите на Општина Куманово се одржа средба помеѓу градоначалникот Димитриевски, и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и  министерот Тевдовски, евроамбасадорот Жбогар и директорот на Светска Банка во Македонија Марко Мантованели.

Врати се на врвот
Големина на фонт