Саем за вработување и кариера

Денеска во Куманово се одржа Саем за вработување и кариера во рамките  на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”, во меѓусебна соработка на Општина Куманово, Хабитат Македонија и Дром.

Саемот за вработување и кариера беше организиран во два дела. Во првиот дел се одржа панел дискусија со претставници од Агенцијата за вработување, Ромскиот информативен центар и Општината Куманово додека вториот дел беше интерактивен со преставување на локални фирми и компании и катче за кариерен развој за сите заинтересирани посетители. По завршување на настанот, Градоначаликот Димитриевски одржа работна средба со извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костовски.

Врати се на врвот
Големина на фонт