Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одбележа 11 Октомври

По повод денешниот празник,а под слоганот „Честит 11 Октомври, секогаш слободни!“ денеска на Спомен Костурница се одржа пригодна свеченост, во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести, поради превенција од КОВИД-19.

Дел од одбележувањето на 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот, како заедничко чествување на Куманово и Прилеп,беапретставници од Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војнана Македонија, Градоначалникот на општина Кумановои претставници на Советот на општината, претседателот на Владата на РСМ, заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Министрите за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за транспорт и врски,претставници на Армија на РСМ и на политички партии кои положија свежо цвеќе.Со пригодна реч се обратија претседателот  на Владата на  Република Северна Македонија, Зоран Заев и Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт