Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа првиот Меморијален меѓународен боксерски турнир “Мирослав Петровиќ 2021-ва”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вечерва на спортското игралиште во комплексот Соколана се одржа првиот Меморијален меѓународен боксерски турнир “Мирослав Петровиќ 2021-ва”.Овој значаен спортски настан се одржа под покровителство и иницијатива на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Боксерската федерација на РСМ, а во организација на Општински сојуз на спортови и Боксерски клуб Куманово. Учество зедоа познати боксерски имиња од РСМ, Србија и Косово.Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски во своето обраќање истакнадека спортскиот живот во наше Кумановосе темели на досегашните спортски достигнувања, развој на спортот на сите полиња, категории и возрасти. Беше потенцирано значењето на познатиот боксерски тренер Мирослав Петровиќ, кој создаде плејада на квалитетни боксери, кои се закитија со многу награди и признанија.На настанот се обратија и Примислав Димовски, претседател на  Боксерска федерација на РСМ, Кристијан Андреевски, претседател на БК Куманово и Марјан Стошевски, познавач на спортот и спортските прилики во Куманово.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст