Собир на локалната самоуправа – Вклучи се и направи промена


Како дел од активностите на проектот Мрдни со прст: Младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово, се оддржа собир на кој се дискутираше за проблемите на младите. Претставници од Општина Куманово зедоа учество во активностите кои се одвиваат во оваа кампања со цел да се овозможи од блиску да се слушнат проблемите на младите и да се дискутира за можни решенија.