Советниците едногласно ја изгласаа одлуката за почнување со работа на новата градинка „Детелинка„

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Советнниците на денешната десетта седница на Совет на Општина Куманово распараваа по точки од областа на урбанизмот, социјална заштита, образование и за постапки за отпочнување на проекти.

На седницата покрај другите точки од дневен ред, советниците ја изгласаа Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово во објектот „Детелинка“ лоциран на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 1 во Куманово во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;

„Детелинка“ ќе биде новиот објект на градинката „Ангел Шајче“ сместен во зграда на поранешен „Пионерски дом„,  со можност за сместување на  осумдесет дечиња.

Врати се на врвот
Големина на фонт