СООПШТЕНИЕ

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Ве известуваме дека на ден 21.11.2018 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Куманово ќе се одржи теренска симулациона вежба – поплава со повредени, давеници и повредени бремени жени ,,Поплава со поголем број повредени и давеници“, во огранизација на Општина Куманово и Регионален центар за управување со кризи, Министерство за здравство, Светска здравствена организација и Фонд за население на Обединети Нации.

Известувањето до граѓаните е за навремено информирање за симулационата вежба, а со цел спречување на паника и погрешна проценка на настанот.

Вежбата ќе се спроведе на локација -Улица Братство и Единство, на речното корито на реката Липковка, паркот спроти Автобуска Станица. Цел на симулационата вежба е да се тестираат посебните СОП (Стандардни оперативни процедури) од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи на Република Македонија и Планот за одговор при кризни состојби на ЈЗУ Општа Болница Куманово. Учесници на Симулационата вежба ќе бидат: Итна медицинска помош при Здравствен дом – Куманово, Општа Болница – Куманово, Црвен Крст на РМ, Црвен Крст на ОО Куманово и ТППЕ Куманово, Општина Куманово, СВР Куманово, РЦУК – Куманово, ДЗС ПОЗС – Куманово, НВО ХЕРА.

Известувањето до граѓаните е за навремено информирање за симулационата вежба, а со цел спречување на паника и погрешна проценка на настанот.

Врати се на врвот
Големина на фонт