Состанок за решавање на актуелни проблеми во тек на изградба на речно корито


Денеска Градоначалникот заедно со општинската администрација оствари средба со изведувачот,надзорот и претставник од УНДП за реализација на проектот за регулација на речното корито на реката Липковка.
Проектот е во првата фаза од реализација, односно на првите 400м о влив на реките Којнарка и Ликовка до мост на ул.Доне Божинов.

На состанокот се разговараше за актуелните проблеми на проектот, односно за ширината на речното корито, протокот на реката и густината на месното население околу речното корито, како и висок водостој на самата река Липковка, за кои изведувачот треба да понуди решение со динамички план за работата во самото речно корито и со понуденото решение би се овозможило отпочнување на работите на терен.

Проектот е финансиран од УНДП, Министерство за животна средина и просторно планирање и Општина Куманово.