Состанок на Локален совет за превенција

Општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово, денеска  одржаа состанок на Локален совет  за превенција на тема: Справување со диви депонии, загадување и уништување на јавен имот. По оддржаниот состанок беа донесени следниве заклучоци:

  • На денешниот состанок е формирана тематска проблемска работна група за заштита на животна средина која е составена од седум члена, која во период од една недела ќе прибира предлози и идеи за конкретни активности кои ќе бидат ставени во Акциски план,
  • До донесувањето на Акцискиот план, во септември и октомври да се организираат повеќе акции на терен на веќе лоцирани критични локации со учество на претставници од институции, невладини организации и граѓани од конкретни подрачја за чистење и подигање на јавната свест,
  • Учество на ТВ емисии каде што ќе се информира и разговара за последиците од загадувањето, справувањето со диви депонии, информација за одлагање на разни видови на отпад и вклучувањето на институциите, невладините организации и граѓаните,
  • Изнаоѓање на можност за воведување на втора смена односно дежурства на комунален инспектор и комунален редар заради поуспешна и поефикасна контрола на терен во соработка со полицијата и граѓаните,
  • Останатите предлози и идеи за поставување на табли, емитување на спотови на телевизија за подигање на јавната свест, рекламна кампања, едукација во училишта, еко патроли и други форми за подигање на јавната свест ќе бидат еден дел од предлозите и идеите преточени во Акциски план.

 

Како еден општ заклучок е заеднички сите, почнувајќи од Совет на Општина Куманово, институции, граѓани, невладини организации да се вклучат и да дадат свој допринос во зајакнување на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина.

Врати се на врвот
Големина на фонт